МИТИНЗИ ПРЕД БИЛЕТАРИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ БИЛЕТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИТИНЗИ ПРЕД БИЛЕТАРИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ БИЛЕТИ

    Пред билетарите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ со денови има луѓе собрани како на минитинзи за избори. Студентите и пензионерите изѕемнаа на студот чекајќи да ја продолжат важноста на електронските билети за тие да им важат и во 2017 година.
    Од 1 јануари електронските билети кои нема да се продолжат нема да важат.
    Од ЈСП велат дека метежот е очекуван ако се земе предвид менталитетот на Скопјани се да завршуваат во последен момент.
    „За обврската да ги продолжат билетите пензионерите и студентите беа известени пред еден месец, но сите оставиле обврската да ја завршат во последните три дена. Билетите може да ги продолжат и по 1 јануари. Дежурни билетари ќе има и за празниците“, велат од ЈСП.
    На први јануари од 10 – 18 часот отворени ќе бидат билетарите на Зелен пазар, Ѓорче Петров и билетарата кај Транспортен центар. На втори јануари од 07 – 19 часот ќе работи билетарата кај Зелен пазар, билетарата во Ѓорче Петров ќе биде отворена од 07-13 часот, билетарата кај Транспортен центар ќе биде отворена од 07-19 часот и билетарата Бутел – пазар ќе работи од 07-19 часот.
    Од недела стартува единствениот систем за наплата во јавниот превоз. Истите електронски билети ќе важат и во ЈСП и кај приватниците. Студентите и пензионерите од недела ќе се возат бесплатно и кај приватниците. Возачите повеќе нема да продаваат хартиени билети за едно возење, а во период од еден месец на патниците кои немаат билет ќе им нудат неперсонализирана картичка од 150 денари со пет гратис возења.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира