МНОГУ МАКЕДОНЦИ СЕ МЕЃУ ОНИЕ 40 ПРОЦЕНТИ РАБОТНИЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ КОИ ПАНДЕМИЈАТА ГИ ВРАТИ ДОМА

    МНОГУ МАКЕДОНЦИ СЕ МЕЃУ ОНИЕ 40 ПРОЦЕНТИ РАБОТНИЦИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ КОИ ПАНДЕМИЈАТА ГИ ВРАТИ ДОМАВо Битола денес се одржа петтиот Саем на кариера за бизнис заедницата  да се поврзе со невработените. (Фото: СДК.МК)

    Близу 40 проценти од луѓето кои немале странско државјанство или биле со привремен престој во земјите на ЕУ, со појавата на пандемијата се вратиле и останале во земјите на Западен Балкан, рече Сашо Додовски директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, повикувајќи се на истражувања до Европската Унија. Во Битола денес се одржа петтиот Саем на кариера во организација на МКЦ, поддржан од Меѓународната организација на трудот, Општина Битола и ЕУ.

    Целта е бизнис заедницата  да се поврзе со невработените лица, па денес околу 25 фирми презентираа 200 отворени работни места.

    „Национални истражувања максимално релевантни барем јас не сум видел и мислам дека не  постојат за тоа колку млади со пандемијата се вратија и останаа дома, но има истражувања на Европската унија за шестте држави на Западен Балкан, каде стои дека близу 40 проценти од луѓето кои немале странско државјанство или кои што имале привремен престој во земјите на ЕУ се вратени во земјите на Западен Балкан. Најголем дел од нив се се` уште тука, со можности поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси“, рече Додовски.

    Штандовите на фирмите ги посетија повеќе млади луѓе, меѓу кои лица што работеле во Германија, но по појавата на пандемијата се вратија дома во Македонија.

    „Таму работевме во седвичари и маркети. Но, откако се влошија работите со коронакризата, моравме да се вратиме дома. Сега уште е комплицирано да се оди оти се менуваат постојано условите за влез, потребни се пари за пат, па одново да се санаоѓаме таму, ќе се обидеме тука да најдеме работа“, рече битолачанката Весна Колевска.

    Агенцијата за  вработување оваа недела ги реобјави огласите за активните мерки и политики за вработување. Кај младите од Битола најголем е интересот за практиканство.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира