МОДУЛАРНАТА КОВИД-БОЛНИЦА ВО ШТИП ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ АМБУЛАНТИ ЗА ПРЕГЛЕДИ ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“

    МОДУЛАРНАТА КОВИД-БОЛНИЦА ВО ШТИП ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ АМБУЛАНТИ ЗА ПРЕГЛЕДИ ПРЕКУ „МОЈ ТЕРМИН“Амбулантите за еден месец ќе почнат со прегледи преку „Мој термин“.  Фото: (СДК.МК)

    Модуларната болница во Штип која по ковид кризата остана празна и заклучена, почна да се адаптира во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“.

    „Модуларната болница во во Штип , која од Министерството за здравство беше отстапена на Клиничката болница, ќе се преадаптира во специјалстичка амбуланта за прегледи на пациенти преку „Мој термин“. Со тоа ќе се релаксираат амбулантите со приемните одделенија во старата Клиничка болница и ќе се подобрат условите и ќе се растовари протокот на пациенти. Ќе се намалат и гужвите што досега се создаваа во приемните одделенија во стариот објект на Клиничката болница“, вели директорот Владко Захариев.

    Захариев рече дека во план е заедно со Општина Штип да се доизградат и постојните неасфалтирани пристапни патишта и паркингот пред објектот, кој дневно ќе прима голем број пациенти од регионот кои ќе доаѓаат на специјалистики прегледи.

    Модуларната болница во Штип се изгради заедно со останатите модуларни во другите градови во Македонија како неопходна потреба, затоа што Инфективното одделение за кратко време го наполни капацитетот. На штипското Инфективно одделение во 2021 имаше 233 починати и 1.340 излечени пациенти од вкупно регострираните 7.440 лица позитивни на ковид-19.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира