МОКРИНСКИТЕ ИЗВОРИ НА БЕЛАСИЦА СТАНАА ДОСТАПНИ И ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

    МОКРИНСКИТЕ ИЗВОРИ НА БЕЛАСИЦА СТАНАА ДОСТАПНИ И ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИОсвен изворите се уредуваше и просторот околу Колешинскиот водопад, а целиот проект чини околу 4 милиони денари. (Фото: СДК.МК)

    Мокринските извори на планината Беласица ќе бидат достапни и за лицата со инвалидитет. Изградена е патека за безбеден пристап, како до самиот локалитет, така и до изворите. Вака соопшти градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, нагласувајќи дека освен пристапна патека до ова природна реткост, подигнати се и летниковци за лицата со инвалидитет, кои веќе можат да престојуваат и уживаат во убавините на Мокринските извори.

    ,,Овозможуваме на лица со телесен инвалидитет да пристапат и до локалитетот но и самите извори. Направени се и летниковци меѓу кои и за овие лица. Сметам дека ова уредување е посебно важно бидејќи пружаме еднакви можности за сите граѓани посетители бидејќи досега Мокринските извори беа достапни за еден дел граѓани, но сега буквално за сите“, вели градоначалникот Божинов, додавајќи дека на локалитетот ќе биде поставена и нова урбана опрема, но и паркинг за велосипедисти.

    Уредувањето на Мокринските извори се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со цел да се зголемат содржините за поголема посетеност. Освен изворите се уредуваше и просторот околу Колешинскиот водопад, а целиот проект чини околу 4 милиони денари.

    ,,Овој проект ќе ги подобри бројките на туристите што ќе не посетуваат во динина. За нас прироритет е локалнито економски развој преку руралниот туризам. Паралелно уредувањето на овој локалитети има интерес и за подигање сместувачки капацитети за што работиме на урбанистичко планска документација за две викенд населби во Мокрино и Смоларе“, кажа Божинов.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира