„МОШ“ И „ИНТЕРМЕЦО“ ПОВТОРНО КАЗНЕТИ ЗА ГЛАСНА МУЗИКА СО ПО 13.000 ЕВРА, АКО ПЛАТАТ ЗА ОСУМ ДЕНА КАЗНАТА ЌЕ ИМ БИДЕ 6.500 ЕВРА

    „МОШ“ И „ИНТЕРМЕЦО“ ПОВТОРНО КАЗНЕТИ ЗА ГЛАСНА МУЗИКА СО ПО 13.000 ЕВРА, АКО ПЛАТАТ ЗА ОСУМ ДЕНА КАЗНАТА ЌЕ ИМ БИДЕ 6.500 ЕВРА„Интермецо“ последен пат беше затворен во април, поради непочитување на работното време. (Фото: СДК.МК)

    Скопските кафулиња „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети со по 13 илјади евра од Општина Центар поради гласна музика. Општината соопшти дека ако кафулињата ја платат казната во рок од 8 дена, ќе изнесува по 6.500 евра. Ако не ја платат казната од 13 илјади евра, инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци.

    Двете кафулиња последен пат беа затворени во април, кога беа казнети поради непочитување на работното време. Откако ги направија првоаприлските журки и концерти, на 3 април, конечно по десет дена криење, газдите на кафулињата ги примиле решенијата за затворање од Пазарната инспекција и самите ги затворија објектите. Не работеа до 12 април.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира