МОСTОТ ВО АЕРОДРОМ ЌЕ БИДЕ ЗА ЛОВЕЊЕ РИБИ, ПОЧНАЛ ДА СЕ ГРАДИ БЕЗ ДА СЕ РЕШАТ ИМОТНО-ПРАВНИТЕ ОДНОСИ, РЕЧЕ АРСОВСКА

    МОСTОТ ВО АЕРОДРОМ ЌЕ БИДЕ ЗА ЛОВЕЊЕ РИБИ, ПОЧНАЛ ДА СЕ ГРАДИ БЕЗ ДА СЕ РЕШАТ ИМОТНО-ПРАВНИТЕ ОДНОСИ, РЕЧЕ АРСОВСКА„Што сега секој нареден градоначалник ќе биде крив затоа што претходникот го почнал, а не ги решил прашањата ниту пак планирал да ги реши“, кажа Арсовска. (Фото: СДК.МК)

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска нема да го продолжи градењето на новиот мост во Аеродрoм кај Керамидница, затоа што имало голем број нерешени имотно-правни односи. Арсовска, на денешниот брифинг со новинари, кажа дека нејзиниот претходник Петре Шилегов почнал да го гради мостот, за тоа потрошил пари од граѓаните, а не ги решил големиот број имотно-правни односи.

    „Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба. Ќе биде нешто што нема никаков ефект и бенефит за граѓаните. Постапката за да се заврши тој мост ќе трае десетина години. Ние ќе почнеме да ги решаваме, но кога ќе ги решиме е прашање на време и не знаеме кога ќе се заврши. Што сега секој нареден градоначалник ќе биде крив затоа што претходникот го почнал, а не ги решил прашањата ниту пак планирал да ги реши. За тој потег завршени се само 18 предмети со исплата. Има 11 спорови меѓу граѓани кои треба меѓу себе да ги решат, 25 се во подготовка, без согласност за цена и се во Влада. 44 предмети се за приватизација, а 16 за корисничко право“, рече Арсовска додавајќи дека иста е ситуацијата и со мостот Љубљанска во Карпош 4.

    Арсовска кажа дека ексградоначалникот Петре Шилегов и оставил долгови од 50 милиони евра и почнал да реализира проекти, а за тоа не обезбедил средства.

    A. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира