МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА ЌЕ СЕ ЗАШТИТАТ СО ПОКРИВИ, ИЗДВОЕНИ 11.000 ЕВРА ЗА 2026

    МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА ЌЕ СЕ ЗАШТИТАТ СО ПОКРИВИ, ИЗДВОЕНИ 11.000 ЕВРА ЗА 2026Средствата ќе бидат наменети за препокривање на мозиците со кровна конструкција заради поголема заштита од атмосферските влијанија. (Фото: СДК.МК)

    Околу 700.000 денари (над 11.000 евра) обезбеди Министерството за култура и туризам во 2026 година за заштита на мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја кај Битола. Средствата ќе бидат наменети за препокривање со кровна конструкција на мозаиците заради поголема заштита од атмосферските влијанија.

    „Радува фактот што во последните неколку години посетеноста на Херкалеја се движи од 22.000 до 25.000 посетители годишно. И ние сме со тенденција оваа бројка се повеќе да расте. Затоа во иднина ќе продолжиме со инвестиции особено во заштита и презентација на мозаиците“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Битола на 22 јуни.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира