МРТВОРОДЕНО БЕБЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, РОДИЛКАТА ИМАЛА ВИШОК ПЛОДОВА ВОДА И БРЕМЕНОСТА НЕ БИЛА КОНТРОЛИРАНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА

    МРТВОРОДЕНО БЕБЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, РОДИЛКАТА ИМАЛА ВИШОК ПЛОДОВА ВОДА И БРЕМЕНОСТА НЕ БИЛА КОНТРОЛИРАНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТАСтанува збор за неконтролирана бременост, кај родилката имало вишок плодова вода и бебето било извадено со царски рез, но без знаци на живот, вели директорката Ивановска. (Фото: СДК.МК)

    Вчера, 21-годишна трудница родила мртво бебе во Битолската болница. Директорката Елизабета Ивановска за САКАМДАКАЖАМ.МК  изјави дека  станува збор за неконтролирана бременост, кај родилката имало вишок плодова вода и бебето било извадено со царски рез, но без знаци на живот.

    „Ова ѝ беше четврта бременост, две починати бебиња, а две од децата ѝ се живи. На ист начин починало нејзиното бебе пред три години. Неконтролирана бременост. Жената била во Германија до седми месец бременост како азилант. Тука е дојдена на приватен гинеколог, еднаш на крајот на седми месец и во 36. недела. Веднаш била препратена во болницата за да се направи царски рез поради вишок плодова вода. Извадено е бебето, неизмалтретирано, но родено без знаци за живот, без срцева акција, дишење, пулс. Најверојатно е со аномалија, а телото е предадено на обдукција. Но нема никаков  сомнеж за пропусти во породувањето зашто од страна на лекарскиот тим  беше направено сè како што треба. Нема  замерки ни од семејството и мајката е добра“, рече Ивановска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира