МУЗИКА ВО ЖИВО, ТАНЧЕРКИ И ГОСТИ ГИ ПРЕКРШИЛЕ КОВИД МЕРКИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ГОСТИВАРСКО

    МУЗИКА ВО ЖИВО, ТАНЧЕРКИ И ГОСТИ ГИ ПРЕКРШИЛЕ КОВИД МЕРКИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ГОСТИВАРСКОВо објектот биле затекнати пет женски лица, четири македонски државјанки и една бугарска државјанка кои работеле како танчерки и пејачки. (Фото: СВР Тетово)

    Полициски службеници од Полициското одделение Галате – СВР Тетово вчера во периодот од 20.30 до 21.30, извршиле контрола во угостителски објект во Врапчишко поле, во близина на автопатот Тетово – Гостивар кој е во сопственост Р.Б.(46) од Гостивар. При контролата било констатирано дека во објектот има музика во живо, танчерки, како и 11 гости.

    „Во објектот биле затекнати пет женски лица, четири македонски државјанки и една бугарска државјанка кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач. Сопственикот на објектот Р.Б. бил лишен од слобода по член 206 од Кривичниот законик, додека бугарската државјанка била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Објектот од страна на Државниот пазарен инспекторат бил затворен, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира