МВР ДА ЗАБРАНИ ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА ПО ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, АПЕЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ

    МВР ДА ЗАБРАНИ ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА ПО ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, АПЕЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИГрадоначалникот на Аеродром Муцунски вели дека станува збор за улица со голема фреквенција на возила и сè додека нема забрана за тешки товарни возила, ниту лежечките полицајци ќе траат, ниту ќе бидат безбедни децата од училиштето. - Од поставувањето на лежечкиот полицаец (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски бара од МВР да забрани тешки товарни возила да поминуваат по главната улица во Горно Лисиче, каде што постојано се уништува лежечкиот полицаец пред основното училиште „Гоце Делчев“.

    Откако за нецели два месеца од поставувањето почна да се распаѓа новиот лежечки полицаец, градоначалникот Муцунски вели дека станува збор за улица со голема фреквенција на возила и сè додека нема забрана за тешки товарни возила, ниту лежечките полицајци ќе траат, ниту ќе бидат безбедни децата од училиштето.

    „Лежечкиот полицаец во текот на денот ќе го санира фирмата што го постави без оглед што тој е вандализиран, според она што може да се види. Но, проблемот е друг и него го имале и моите претходници. На главната улица во Горно Лисиче, каде што има училиште и таму пешачат деца нема забрана од МВР за движење на тешки товарни возила. Ја користам оваа прилика да апелирам и преку вашиот медиум до министерството повеќе да не им дозволува на камионите да се движат по улицата, пред сè, за безбедност на децата“, изјави Муцунски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    На истото место, кај ОУ „Гоце Делчев“ неколку пати беа поставувани лежечки полицајци од претходните градоначалници, но брзо се распаѓаа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира