Во февруари полни 94 години, но тоа не беше проблем за Атанас Златев од Кавадарци, еден од ретките преживеани борци од НОБ и еден од најстарите жители на Тиквешијата, денеска да излезе и да гласа на предвремените парламентарни избори. Тој беше вистинско освежување на избирачкото место бидејќи сите беа воодушевени од неговата виталност и сѐ уште бистар ум, а уште повеќе што на чичко Наце не му беа потребни очила додека гласаше.
Кавадарчани коментираа дека неговиот пример треба да го следат и другите и да го остварат своето граѓанско право. Му посакаа да се видат и на следни избори.