НА АРСОВСКА НЕ Ѝ Е ГАЈЛЕ ЗА КОЛАПСОТ НА СКОПЈЕ, НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРАТИ СЕКРЕТАРОТ КОЈ НЕ ДОЗВОЛИ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА

    НА АРСОВСКА НЕ Ѝ Е ГАЈЛЕ ЗА КОЛАПСОТ НА СКОПЈЕ, НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГО ПРАТИ СЕКРЕТАРОТ КОЈ НЕ ДОЗВОЛИ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊАГрадоначалничката Арсовска и секретарот Глигоров не чувствуваат одговорност за тоа што Скопје е парализирано. (Фото: К. Попов)

    Скопје три дека е во колапас, под 24-часовни блокади на приватните превозници кои бараат Град Скопје да им го исплати долгот, блокирани се улици и булевари, а градоначалничката Данела Арсовска се крие. Три дена Арсовска ја нема да одговори на прашањата кога ќе го исплати долгот кон превозниците, како ќе ја реши блокадата, како ќе го запре малтретирањето на граѓаните кои не можат да стасаат на работа, на лекар или во училиште, зошто на постојките се чека автобус по еден час и го нема брзиот и ефикасен јавен превоз кој го вети. 

    Новинарите три дена откако почнаа блокадите на приватните превозници бараат коментар од градоначалничката Данела Арсовска. Таа не се јавува на нејзиниот телефон, не одговара ниту на пораки. После три дена упорни јавувања на новинарите во кабинетот на Арсовска, од каде постојано немаат одговори за нашите прашања, денеска рекоа дека изјава ќе даде секретарот на Градот Зоран Глигоров, но не смееме да му поставуваме прашање туку само ќе прочита изјава.

    Глигоров излезе пред новинарите, ја прочита изјавата напишата на лист хартија во која кажа дека Арсовска и ова градско раководство не се криви за хаосот во Скопје и замина. Не сакаше да одговори на прашањата зошто градоначалничката Арсовска се крие, зошто не им се плати долгот на приватниците за да може Скопје и граѓаните нормално да живеат и зошто, ако тврдат дека ЈСП „Скопје“ успешно ги пополнува сите линии, распишуваат нов оглас за избор на приватни превозници.

    Арсовска еднострано ги раскина договорите со приватните ревозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и извесно е дека тие со нивните 200 автобуси ќе го блокираат Скопје се додека не им го исплати долгот од 1,5 милиони евра, а најавениот оглас за избор на нови превозници нема да ја тргне блокадата.

    Арсовска нема намера да им го плати долгот на превозниците и тоа јавно го кажа на говорницата во Советот на Град Скопје велејќи ‘тужете ме за долгот, не видов јас до сега дека сте пуштиле опомена пред тужба‘. Со тоа, Скопје ќе остане парализирано. 

    Арсовска стана градоначалничка на Скопје со ветувањето за брз, ефикасен и бесплатен јавен превоз, како и набавка на 250 електрични автобуси. Во Скопје во моментов има колапс на јавниот превоз, парализиран сообраќај и не се гледа решение на проблемот. 

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира