НА ДУШКО МЛЕКАРОТ ЌЕ МУ СУДАТ ВО ОТСУСТВО ЗА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    НА ДУШКО МЛЕКАРОТ ЌЕ МУ СУДАТ ВО ОТСУСТВО ЗА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈАДушко Илиевски од пред повеќе од половина година живее Германија, каде бара да му дадат политички азил заради како што вели, политичките притисоци во Македонија. (архивска фотографија)

    На Душко Илиевски-Млекарот од Пелагонија ќе му се суди во отсуство за кривично дело напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста, за кое е обвинет дека го сторил лани за време на протестите на Шарената револуција во Битола.

    Во решението на Основниот суд од Битола стои дека тие го прифатиле предлогот на Основното јавно обвинителство на Илиевски да му се суди во отсуство бидејќи тој не е во земјата, а постоеле важни причини да му се суди.

    Илиевски од пред повеќе од половина година живее Германија, каде бара да му дадат политички азил заради како што вели, политичките притисоци во Македонија. За последното решешение дека ќе му се суди во отсуство, вели дека не му даваат мира дури ни во странство.

    „Сакаат да ме судат во отсуство. Наводно за време на протетстите од Шарената револуција ме обвинуваат дека сум истепал полицаец во Битола, а за во Скопје дури три полицајци. Тоа секако дека не е точно. Кај можам во кордон да земам полицаец и да го тепам? Јас на судот му пуштив известување дека барам политички азил токму поради вакви местенки“, вели Илиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Против Илиевски во изминатите години без поднесувани неколку кривични пријави откако во 2010 година се појави како водач на битолските фармери на протестите против шведската млекарница „Сведмилк“ која не им го исплати откупеното млеко. Одеше на чело на таканаречениот погребален марш на македонското сточарство кога низ градот беа исполепени некролози со фотографии од Никола Груевски. По ова, против него, брат му и татко му, МВР поднесе кривични пријави дека на диво одгледувале марихуана и беа притворени 12 дена. Неколку години подоцна беа ослободени од обвинувањето зашто се докажа дека се се работело за самоникнат див коноп.  (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира