НА ЕЗЕРО ТРЕСКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ХОТЕЛ СО 5 ЅВЕЗДИ И БУНГАЛОВИ, ОКОЛУ НЕГО ВИКЕНД КУЌИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, БЕЏЕТИ ГО ПРЕТСТАВИ ПЛАНОТ

    НА ЕЗЕРО ТРЕСКА ЌЕ СЕ ГРАДИ ХОТЕЛ СО 5 ЅВЕЗДИ И БУНГАЛОВИ, ОКОЛУ НЕГО ВИКЕНД КУЌИ И ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, БЕЏЕТИ ГО ПРЕТСТАВИ ПЛАНОТГрадоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска го презентираше новиот план за Треска и просторот околу езерото, кој е поделен во четири блокови.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Маркичка за хотел со пет ѕвезди, бунгалови, спа и фитнес центар е нацртана во комплексот на Езеро Треска со новиот Детален урбанистички план (ДУП). Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска на прес-конференција го презентираше новиот план за Треска и просторот околу езерото, кој е поделен во четири блокови. Првиот блок е сегашниот комплекс на Езеро Треска кој е со површина од 13 хектари и, како што кажа Беџети, се планираат спортски терени на отворено, базени, аквапарк, забавен парк, амфитеатар, ботанички градини. Во оваа зона е формирана градежна парцела во која е дозволен процент на изграденост до 50 отсто односно максимална површина за градење од 155.116 метри квадратни. На таа површина е нацртана марчичка за хотелски комплекс со приземје, три ката и поткровје со висина од 15 метри.

    Градоначалникот Блерим Беџети кажа дека Општината само го направила планот, а понатаму постапката ќе ја води Владата која ќе го прогласи овој дел за слободна туристичка зона. (Фото: СДК.МК)

    Предвидени се пропратни содржини како ресторани, спа и фитнес-центри, центар за алтернативна медица, отворени и затворени базени. Покрај главната хотелска зграда планирани се и дрвени бунгалови. Градбите треба да бидат од природни и еколошки матријали, дрво и камен.

    Втората, третата и четвртата зона кои се урбанизираат со овој план се надвор од езерото и го опфаќа земјоделското земјиште од селата Глумово и Шишево кое Владата го пренамени во градежно. Втората зона се наоѓа од десната страна на реката Треска  и се предвидуваат маркички за викенд куќи со приземје, два ката и поткровје, а површината на овој дел е 12 хектари. Третата зона со површина од 10 хектари е од левата страна на реката кај влезот на езерото со површина од околу 10 хектари, и таму ќе се градат хотелски комплекси со два ката и поткровје, а во четвртата зона која е најмала со површина од 2,4 хектари се предвидена маркичка за трговски центар и пазар на отворено.

    Изминатава недела се уриваше урбаната опрема на есерото. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Градоначалникот Блерим Беџети кажа дека Општината само го направила планот, а понатаму постапката ќе ја води Владата која ќе го прогласи овој дел за слободна туристичка зона.

    „Владата ќе го продава земјиштето. Инвеститорот во езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица. Идејата е ова да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра“, вели Беџети.

    Беџети рече дека камперите мора да бидат отстранети од езерото, обвинувајќи ги дека нелегално си изградиле цели куќи на местата каде имале приколки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира