НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЈАЖИНЦЕ НЕМА ЗГОЛЕМЕН ПРОМЕТ И ОТКАКО СЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА БЕЗ ПЦР-ТЕСТ

    НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЈАЖИНЦЕ НЕМА ЗГОЛЕМЕН ПРОМЕТ И ОТКАКО СЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ ВО ДРЖАВАТА БЕЗ ПЦР-ТЕСТНа граничниот премин Јажинце нема подолги застои (Фото: СДК.МК)

    Откако од вчера на жителите на соседните земји им е дозволен влез во државата без задолжителен ПЦР-тест, заживеа транзитот преку преминот Јажинце на границата со Косово.

    „И вчера, кога беше отворена границата за премин без задолжителен ПЦР-тест, а и денеска, сообраќајот и преминувањето на граничниот премин Јажинце се одвиваат тековно и без проблеми. Секако, вчера и денеска има значително поголем број премини во споредба со периодот кога се бараше задолжителен ПЦР-тест. Вчера најмногу имаше наши граѓани кои заминуваа или доаѓаа од Косово, додека странските граѓани ги имаше нешто помалку, односно од Косово влегле 781 лице, а во Косово заминале 1.434 наши граѓани. Денеска бројот на лицата кои влегуваат и излегуваат е нешто намален. До 12 часот влегле само 86 наши граѓани, а за Косово заминале 386. Од странските граѓани, 400 лица влегле и 94 ја напуштиле нашата држава. Иако можеби се очекуваше поголема фреквенција на луѓе, сепак, овие бројки се малку поголеми од една вообичаена фреквенција кога немаше обврска за задолжително поседување на овие тестови. На граничниот премин Јажинце нема подолги застои од потребните за извршување на редовните царински и пасошки контроли“, изјави Жарко Трпевски, командир на граничниот премин Јажинце.

    Службениците на Јажинце велат дека се подготвени и добро опремени во краток временски рок да опслужат и далеку поголем број лица кои ја минуваат границата.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира