НА КАРПИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА СЕ ВЕЖБАШЕ СПАСУВАЊЕ ПОВРЕДЕНИ, ПРОМОВИРАНА НОВАТА АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА НА АРМИЈАТА

    НА КАРПИТЕ КАЈ ДЕМИР КАПИЈА СЕ ВЕЖБАШЕ СПАСУВАЊЕ ПОВРЕДЕНИ, ПРОМОВИРАНА НОВАТА АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА НА АРМИЈАТАПосле 25 години, набавена е алпинистичка опрема за армијата, која ќе служи и за помош на цивилното население. (Фото: СДК.МК)

    На тешко пристапен терен и во лоши временски услови, силен ветер, припадниците на АРМ ја промовирана ново набавената алпинистичка опрема. Баталјонот на специјалните сили – Волците и хеликоптер од aрмискиот винг, во клисурата на река Вардар кај Демир Капија, ја изведоа показната вежба за спасување на повредени лица.

    По безмалку вертикалните карпи, се спасуваа повредени, на десетина метри височина, за што беше потребно и знаење и храброст и умешност. После 25 години, набавена е алпинистичка опрема, која ќе служи и за помош на цивилното население.

    „Оваа вежба покажа колку Армијата може да помогне, кога ги има вистинските луѓе и вистинската опрема. Новата опрема нема да биде користена само за нејзините потреби, туку и во случаи на критични состојби и несреќи на цивилното население. Овие тимови, со оваа опрема можат да обезбедат итна помош и итна евакуација. Ја опремуваме Армијата не само за биде подготвена за операции, туку да пружи помош и на граѓаните во кризна состојба. Од денес ова не се само армиски ресурси, туку и државни, кои треба да помогнат во состојба на заштита и спасување“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при промоцијата на новата опрема и показната вежба за користење на истата.

    Вредноста на опремата е 15 милиони денари, средства од Буџетот на Министерството за одбрана.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира