НА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО ДЕБАР МААЛО ОД ДЕНЕС МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕ

    НА ОРЦЕ НИКОЛОВ ВО ДЕБАР МААЛО ОД ДЕНЕС МОЖЕ ДА СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕРезидентно паркирање е воведено за да има место за станарите бидејќи со реновирањето на улицата намален е бројот на паркинг места.(Фото: ПОЦ)

    На улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало од денеска може да се паркираат само жителите на околните куќи и згради. ЈП „Паркинзи на Општина Центар воведе резидентно паркирање на овој потег за да има место за станарите бидејќи со реновирањето на улицата намален е бројот на паркинг места.

    Паркинг местата на потегот од бензинската пумпа Макпетрол до улицата Рузвелтова ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта“, велат од претпријатието.

    Од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на улицата Орце Николов, а не се на резиденти односно станари, ќе бидат казнети односно ќе им се постави блокатор или ќе бидат подигнати од пајак возилата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира