НА ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ ОД ВРАПЧИШТЕ МУ ЕКСПЛОДИРАЛА ПЕТАРДА В РАКА, СЕ ЛЕКУВА ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    НА ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ ОД ВРАПЧИШТЕ МУ ЕКСПЛОДИРАЛА ПЕТАРДА В РАКА, СЕ ЛЕКУВА ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕВччера, во акција на СВР Тетово приведени се две лица кои поседувале поголемо количество пиротехнички средства. (Фото: СВР Тетово)

    На осумгодишно дете е село Врапчиште му eксплодирала петарда в рака, сооопшти СВР Тетово. Несреќата се случила вчера, а во 15:10 часот во гостиварската плиција од од Ургентниот центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник.

    „Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, Гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.

    Вчера, во периодот од 14:40 до 19:15 часот во Тетово, на различни локации, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа А. М. (34), Н. Ф. (53), двајцата од Тетово и Н. Ј. (40) од село Селце, Тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени поголема количина на пиротехнички средства. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира