НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР ЗАПАЛЕНИ ТРИ КОНТЕЈНЕРИ, ВО ПАРК ГАЗИ БАБА ЛЕТНИКОВЕЦ

    НА СКОПСКИ БИТ ПАЗАР ЗАПАЛЕНИ ТРИ КОНТЕЈНЕРИ, ВО ПАРК ГАЗИ БАБА ЛЕТНИКОВЕЦСите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до МВР, но досега никој не е фатен и казнет. (Фото: Комунална хигиена)

    Три контејнери синоќа се запалени на Бит пазар во Скоје, а во парк шумата Гази Баба еден летниковец и искршен е детски реквизит. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека опожарените контејнери со зафатнина од 3,2 метри кубни се целосно уништени и неупотребливи.

    „Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените садови веднаш се замени со нови. Ова е трет случај годинава од непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    Од претпријатието апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен.

    Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до МВР, но досега никој не е фатен и казнет.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира