НА СТУДЕНТСКА РАЗМЕНА ОД МАКЕДОНИЈА НАЈЧЕСТО СЕ ОДИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТУРЦИЈА, ИТАЛИЈА, ХРВАТСКА И БУГАРИЈА

    НА СТУДЕНТСКА РАЗМЕНА ОД МАКЕДОНИЈА НАЈЧЕСТО СЕ ОДИ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО ТУРЦИЈА, ИТАЛИЈА, ХРВАТСКА И БУГАРИЈАОд 2014 до 2020  околу 2.000 студенти од Македонија заминале на пракса надвор. (Фото: СДК.МК)

    Македонски студенти преку „Еразмус плус“,  програмата за студентска мобилност, најчесто заминуваат на универзитетите во земјите од регионот, а Италија, Хрватска и Бугарија се меѓу првите дестинации, рече Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Тој на Универзитетот „Св Климент Охридски“ во Битола ги презентираше можностите од новиот повик за програмата „Еразмус плус“ објавен вчера од Европската комисија, според кој за Македонија ќе следуваат шест милиони евра за проекти.

    „Така е најверојатно поради близината, но и поблискиот менталитетот кој го имаме. Имаме студенти од околните земји, а меѓу првите топ земји од каде ни доаѓаат студенти преку мобилност се Турција, Италија, Хрватска Бугарија“, рече Ѓоргиевски.

    Од 2014 до 2020  околу 2.000 студенти од Македонија заминале на пракса или мобилност надвор, а околу 2.300 студенти дошле од другите земји да студираат на нашите високообразовани институции.

    Тоа што се избираат земји од опкружувањето е и поради финснсиската моќ на студентите. Но, сепак има и мобилности во поразвиените европски земји.

    „Нашите студенти најчесто бираат во регионот да се на мобилност, но имаме забележителни бројки во подалечните европски земји како Франција, Германија, Белгија, тоа се земјите во кои последните години добиваме малку поголеми бројки на влезни мобилности за студенти. Педагошкиот факултет од Битола во неколку наврати беше домаќин на поголеми групи на студенти од Шпанија“, рече Нуртен Сулејмани, Еразмус офицер на Битолскиот универзитет.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира