НА ВИКИПЕДИЈА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

    НА ВИКИПЕДИЈА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИКНа Википедија уредини се неколку статии за церебралната парализа, за лицата со попреченост и статии од медицината поврзани со церебралната парализа.(Фото: СДК.МК)

    Википедија е збогатена со неколку одредници на македонски јазик за церебрална парализа.

    Ова е реализирано преку т.н. уредувачки маратон, Википедија Македонија со хуманитарната организација „Искра“ која работи со проблемите на лицата со посебни потреби.

    „Идејата за овој проект дојде сосем случајно. Барав низ Википедија статистички податоци за лицата со посебни потреби во Македонија и увидов дека едноставно не постојат такви податоци за церебралната парализа. Сакавме некако да ја пополниме оваа информативна празнина па побаравме донатори но тоа одеше тешко. На крај, се обративме директно до Википедија, тие го увидоа значењето на оваа наша иницијатива и го прифатија проектот. Како резултат на тоа е овој т.н. уредувачки маратон на кој стручните лица од организацијата ‘Споделено знаење’ која го спроведува проектот ‘Википедија на македонски јазик’ вршат обука како да се уредува статија на Википедија. Ние денеска уредивме неколку статии за церебралната парализа, за лицата со попреченост и статии од медицината поврзани со церебралната парализа. Но наша цел не е само квантитет на статии, туку сакаме тие да бидат веродостојни и квалитетни и затоа вклучивме и стручни лица лица. Секако, овде не завршува нашата работа, бидејќи на оваа тема има уште многу да се работи, па во наредниот период ќе организираме уште вакви уредувачки маратони на оваа тема“, вели Александра Тодоровска проект менаџер во „Искра“.

    Википедија постои веќе 17 години а од 2003 почнуваат да се уредуваат статии и на македонски јазик. Во овој момент на Википедија има околу 93.000 статии на македонски јазик од повеќе области

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира