НА ЅИДОТ ПОД СТОКОВНА КУЌА МОСТ ВО СКОПЈЕ УЛИЧНИ УМЕТНИЦИ ЌЕ ЦРТААТ ГРАФИТИ И МУРАЛИ

    НА ЅИДОТ ПОД СТОКОВНА КУЌА МОСТ ВО СКОПЈЕ УЛИЧНИ УМЕТНИЦИ ЌЕ ЦРТААТ ГРАФИТИ И МУРАЛИГрад Скопје за кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 означи две локации како легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници. (Фото: СДК.МК)

    На ѕидот под стоковна куќа „Мост“ во центарот на Скопје и на потпорниот ѕид на улицата Адолф Циборовски кај „Реплек“ улични уметници ќе цртаат графити и мурали. Град Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година ги означи овие локации како два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично.

    Легалните ѕидови ќе бидат означени со табли со кои се потврдува слободата и безбедноста за нивно користење за креативен израз од страна на уличните уметници.

    „Легалните ѕидови ќе бидат назначени и слободни за користење на 26 јули 2021 година, на денот на Солидарноста, како сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод тимот на Скопје 2028 – Кандидат за Европска престолнина на културата, кој е иницијатор на идејата за назначување на легални ѕидови во Скопје организира и акција на цртање на графити на легалниот ѕид на улица Војвода Васил Чакаларов на тема „Солидарност”, на која учество ќе земат седум домашни улични уметници: Ертунч Сали, Давор Кешќец, Марко Вујисиќ, Драган Китановски-Драж, Дејан Давчевски, Блаже Атанасков и Ермал Криезиу“, велат организаторите.

    Акцијата на цртање графити ќе се реализира викендов на 24 и 25 јули. Акцијата е организирана во партнерство со Младинскиот културен центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира