НА ЗИМУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ И САМО ПРЕКУ ДЕВЕ БАИР, ЗА ТРАНСПОРТЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ОТВОРЕНИ СИТЕ ТРИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ

    НА ЗИМУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ И САМО ПРЕКУ ДЕВЕ БАИР, ЗА ТРАНСПОРТЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ОТВОРЕНИ СИТЕ ТРИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИНа граничниот премин Ново Село, дозволен е влез само на возачи на тешки возила кои ќе транзитираат и на македонски студенти и ученици кои учат во Бугарија. (Фото: СДК.МК)

    Македонските граѓани кои планираат да заминат на зимување во Бугарија, од завчера тоа може да го направат единствено преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, при што мора да приложат негативен ПЦР ковид тест. На останатите два гранични премина Делчево и Ново Село, бугарските власти нема да дозволат влез на македонски државјани, со исклучок на возачи на тешки моторни возила кои ќе транзитираат и на македонски студенти и ученици кои учат во Бугарија. За нив не се бара да приложат доказ дека не се позитивни на ковид-19, а студентите мора да потврдат дека студираат во Бугарија.

    Ова се дел од новите мерки за заштита од ковид-19 кои завчера ги објавија властите во Бугарија, при што вчера и денеска ги враќаа македонските граѓани кои сакаа да одат во посета и на зимување во Бугарија преку граничните премини кај Делчево и Ново Село.

    Веста дека има промени во режимот на пропуштање на македонските државјани ја потврдија и од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР).

    „Од 17 февруари, Бугарија направи промена во рестриктивните мерки за спречување на ширење на пандемијата од ковид-19, при што за влез во Бугарија на македонски државјани кои планираат да престојуваат краток или подолг период отворен е само граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, а на сите тие лица при влез им се бара поседување негативен ПЦР ковид тест“, велат од МВР од каде соопштија дека македонските транспротери и студенти во Бугарија може да влезат на сите три гранични премини.

    Во последните 24 часа, на граничниот премин Деве Баир регистрирани се 1.233 патниви од кои 692 за излез од Македонија кон Бугарија.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира