НАД 4.500 СТРУМИЧКИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ СООЧУВААТ СО БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 4.500 СТРУМИЧКИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ СООЧУВААТ СО БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИТЕ

    Околу 4.500 земјоделци од струмичко се соочуват со блокирање на нивните сметки доколку во наредните денови не ги подмират своите обврски на име данок на приход од вршење земјоделска дејност, што е речиси половина од евидентираните земјоделци од овој регион. Шалтерите на УЈП во Струмица се окупирани од земјоделци кои бараат одговор зошто и за кој период добиваат опомени бидејки во решенијата немало објаснување.

    Добив опомена во висина од 3.300 денари, но не знам за кој период станува збор. Мене ми беше платен данокот, но бидејќи немаше објаснување во решението што го добив, морав да изгубам цел ден. Ми кажаа дека сум чист“, изјави земјоделец од Дабиле.

    „За лани што го немам платено данокот од 2.854 денари добив опомена, а на мојата адреса немам добиено решение од УЈП за пресметан данок. А со што да платам, годинава немаше никаков пласман“, се жали друг земјоделец од Добрејци.

    Од УЈП потврдија дека деновиве се издадени опомени до земјоделците кои не си го платиле персоналниот данок на доход за приходи од вршење земјоделска дејност.

    Управата за јавни приходи, согласно Законската процедура издава опомени за неплатен долг кој обврзниците имаат обврска да го платат во рок од седум дена. Доколу не биде платена опомената следи постапка на присилна наплата. Во Струмица се издадени 4.557 опомени заради неплатен персонален данок на доход за приходи од вршење на земјоделска дејност“, информираа од регионалната дирекција на УЈП од Штип.

    Обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност се одданочуваат паушално, доколку нивниот годишен приход не го надминува износост од милион и 300 илјади денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари