НАД 6.000 ВРАБОТЕНИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЈАТ 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

    НАД 6.000 ВРАБОТЕНИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЈАТ 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИВработени од Градската администрација се редат да се регистрираат на крај на работното време - Скопје, февруари 2023 (Фото: СДК.МК)

    Над 6.000 вработени во Град Скопје и во јавните претпријатија ќе добијат за 10 отсто поголеми плати, соопштија од градската управа. Ова се предвидува со колективен договор кој градоначалничката Данела Арсовска го потпиша денеска со репрезентативниот синдикат на Град Скопје.

    „За градоначалничката Арсовска е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа“, се вели во соопштението од Град Скопје.

    Како што велат од Градотм во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2.800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува ново зголемување за над 6.000 вработени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира