НАД 700 ДЕЦА ЧЕКААТ ПРИЕМ ВО ГРАДИНКИТЕ ВО КУМАНОВО

    НАД 700 ДЕЦА ЧЕКААТ ПРИЕМ ВО ГРАДИНКИТЕ ВО КУМАНОВОМинистерката Мила Царовска и кумановскиот градоначалникот Зоран Дамјановски присуствуваа на приредба во градинката „Ангел Шајче“. - Во втора смена децата во Куманово се згрижени во објектот Синоличка (Фото:СДК.МК)

    Над 700 деца се на листата на чекање за прием во градина во Куманово. Во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово запишани се вкупно 1.805 деца, кои се распоредени во 45 воспитни групи во 6 објекти и два центри за ран детски развој во градот.

    Поради малиот капацитет на претшколската установа во Куманово, Министерството за труд и социјална политика одлучи некогашниот Пионерски дом да го преадаптира во градинка. Првиот дел од реконструкцијата треба да заврши до крајот на месецот, а таму капацитетот е 85 деца.

    „Со отварањето на градинката во Пионерскиот дом, еден мал дел ќе се растеретат во новиот простор, кој има една група јасли, една хетерогена и две градински групи“, вели директорката на градинката Марина Алексовска.

    Покрај ограничените сместувачки капацитети, во градинката фали и стручен кадар.

    „Ни недостигаат околу 30 вработени, бидејќи во изминатиот период немаше нови вработувања а упразнети се поголем број работни места, од пензионирање, отказ, или смрт“, додава Алексовска.

    Министерката Мила Царовска, која денес присуствуваше на приредба во градинката, вели дека на територијата на целата држава недостигаат 2.300 вработени, и дека прават проценки за вработувања во 2018 година, кои ќе бидат правилно распредени, согласно обемот на градинките и опфатот на децата.

    Во Куманово двосменско работење во градинка има од 1990 година, која наменски беше отворена за потребите на работниците во фабриките ЧИК и Киро Фетак. Сега згрижувањето во втора смена се врши во објектот Синоличка.

     

    С.Николиќ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира