НАЈАВИЈА ПА СЕ ПРЕМИСЛИЈА, БОЈКОТ НА НАСТАВАТА ВО ЛАБУНИШТА НЕМА ДА ИМА ОТИ ВЛАДАТА ГИ ВИКНАЛА НА СОСТАНОК

    НАЈАВИЈА ПА СЕ ПРЕМИСЛИЈА, БОЈКОТ НА НАСТАВАТА ВО ЛАБУНИШТА НЕМА ДА ИМА ОТИ ВЛАДАТА ГИ ВИКНАЛА НА СОСТАНОКЖителите на Лабуништа на протест од Владата и министерствата побараа да им се одземат концесиите на каменоломите во најкраток можен рок. (Фото: Фејсбук)

    Жителите на струшкото село Лабуништа најавија бојкот на наставата во второто полугодие од учебната година, па се премислија оти Владата по вчерашната објава дека децата нема да седнат во училишните клупи им ветила состанок в четврток на кој ќе им го решела проблемот со каменоломите.

    „Бојкотот се повлекува односно одложува и очекуваме позитивен исход“, велат од Месната заедница на Лабуништа.

    Во Лабуништа има два активни каменоломи и уште неколку што работат без дозвола. Првиот каменолом започнал со работа уште пред 20-тина години.

    Каменоломите со одлука на Владата во 2020 година останаа без концесии, но Управен суд со пресуди ги врати концесиите на двајца концесионери. Жителите сега од Владата и министерствата бараат да им се одземат концесиите во најкраток можен рок.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира