ТРИ ПОЧИНАТИ МАШКИ ТЕЛА, МЕЃУ НИВ И ДЕТЕ, НАЈДЕНИ ВО ОБЈЕКТ ВО НЕГОТИНСКОТО СЕЛО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ

    ТРИ ПОЧИНАТИ МАШКИ ТЕЛА, МЕЃУ НИВ И ДЕТЕ, НАЈДЕНИ ВО ОБЈЕКТ ВО НЕГОТИНСКОТО СЕЛО ЦРВЕНИ БРЕГОВИМештаните се сомневаат дека лицата спиеле во просторијата во која имало плинско грејно тело. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево, во неготинската полиција било пријавено дека во село Црвени Брегови се пронајдени три починати лица во времен објект, кој служел како џамија. Случајот бил пријавен во 16,35 часот.

    „Во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, Неготинско, биле пронајдени три починати лиц,  Ј. Ј. (71 година) од Битола, Ф. Е. (66 години) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови“, соопшти СВР Велес.

    Мештаните се сомневаат дека лицата спиеле во просторијата во која имало плинско грејно тело. Бил повикан лекар од Итна медицинска помош Неготино, кој констатирал смрт кај трите лица, сите машки, детето било на возраст од 13-14 години.

    Од Основното Јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци соопштија дека заедно со неготинската полиција е извршен увид во просторијата, телата на починатите се дадени на обдукција, која ќе покаже дали починале од задушување, како што сметаат мештаните, или причината е друга.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира