НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН ИМААТ НЕИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

    НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ЖИТЕЛИТЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН ИМААТ НЕИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕСостојбата со водата во Тетово е подобра, но таа недоволно се испитува на годишно ниво (Фото: СДК.МК)

    Најголемиот дел од жителите на руралните општини во Тетовско лани пиеле неисправна вода. Ова го кажуваат податоците од Центарот за јавно здравје од Тетово, од каде што велат дека водата за пиење во околу 70 проценти од селските водоводи и каптажи не одговара на правилниците и стандардите за чиста вода и честопати микробиолошки е неисправна за пиење. Причините за ова се повеќе, а најчесто е поради тоа што грижата за селските водоводи е оставена на жителите од селата.

    Ова се должи на непрописно изградени каптажи и нивно несоодветно одржување во техничка смисла. Кај голем дел од нив се среќава неоформеност на заштитни зони околу каптажите, а таму каде што ги има, не се одржуваат соодветно. Водоводната мрежа во овие рурални средини најчесто е застарена и подложна на дефекти, а освен ова, во најголемиот број случаи имаме потполно отсуство на дезинфекција на водата, додека таму каде што ја има, се врши рачно и нередовно. Исто така, често се забележува нестручно одржување на овие објекти. Иако руралните општини од Тетовскиот Регион имаат оформено јавни комунални претпријатија, тие не можат да го преземат управувањето со водоводите од месните заедници“, вели д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, кој е надлежен за мониторирање и испитување на квалитетот на водата во Полошкиот Регион.

    Причината за ваквиот несоодветен однос кон водата за пиење во руралните средини е и на немањето финансиски средства за одржување на водоводните системи.

    Во разговори со жителите на селата ни велат дека ‘ако ставиме хлоринатор за редовна дезинфекција на водата за пиење, ќе имаме трошоци за електрична енергија, а ние не можеме да го подмириме тој трошок‘. Токму поради ова, во овие средини дезинфекцијата на водата со хлорни препарати се врши рачно и нередовно, па затоа процентот на микробиолошки загадени води е голем“, посочува Давидовски.

    Состојбата со водата во градот е нешто подобра, но и овде се забележува големо намалување на бројот на земени мостри од водата за пиење во однос на потребните.

    За Тетово, минималниот број земени мостри е од 420 до 440 на годишно ниво, а ние, поради ограничените средства кои ги издвојува Општина Тетово за оваа намена, земаме околу 100 мостри или само 25 проценти од потребното“, вели Давидовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира