НАПЛИВ НА МЛАДИ БОЛНИ СО СЕЗОНСКИ СТОМАЧЕН ВИРУС ВО БИТОЛА

    НАПЛИВ НА МЛАДИ БОЛНИ СО СЕЗОНСКИ СТОМАЧЕН ВИРУС ВО БИТОЛАЗголемениот број болни е вообичаено за овој период, велат од Клиничката болница во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Голем е бројот претежно млади битолачни кои со болки во стомакот и проливи деновиве се обратиле за помош кај матичните лекари, а некои биле препратени и на болница за инфузии. Од Клиничката болница во Битола потврдуваат дека овој период зголемен е напливот на пациенти со ентероколити во Инфектолошката амбуланта, но дека досега болните со ковид-19 немаат таква симптоматологија.

    „Има наплив на пациенти со ентероколити и истото е очекувано за периодот, како и претходно во годините. Вообичаено, делта сојот на коронавирусот не оди со ваква цревна симптоматологија и од позитивните пациенти во овој период кои се лекуваат на Инфективното одделение, никој не покажал таква патологија и симптоми. Зголемиот број на пациенти кои страдаат од ентероколитри и се лекуваат на Инфективното одделение е вообичаено за овој период“, велат од Клиничката болница во Битола.

    Матичниот лекар Марија Николовска од Битола вели дека е зачестен пријавата претежно на млади пациенти кои се жалат на тегови во стомакот, течна столица, болки во желудник и црева, што кај нив трае два дена.

    „На прашањето дали биле во контакат со болни лица со други симптоми, одговорот е – не. Поради тоа, се сомневаме на цревен вирус кој е зачестен во летниот период“, вели д-р Николовска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира