„НÈ ОТЕПА СТРУЈАТА“, ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВО БИТОЛА

    „НÈ ОТЕПА СТРУЈАТА“, ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ВО БИТОЛАДемонстрантит носеа транспаренти со симболични пароли „Нè отепа струјата“, сакајќи да укажат на најавеното поскапување од 7,4 %. (Фото: СДК.МК)

    Национализација на ЕВН, односно ставање под државна капа, укинување на Регулаторната комисија и на нејзино место формирање на друго комисиско тело, побараа стотината битолчани кои вечерва протестираа против поскапување на струјата. Носеа транспаренти со симболични пароли „Нè отепа струјата“, сакајќи да укажат на најавеното поскапување од 7,4 %. Протестираа низ Широк Сокак почитувајќи ги протоколите за заштита од ковид-19, со маски на лицата и меѓусебна дистанца.

    „Да се укине најавеното поскапување, во  период од 14 години цената на струјата е поскапена за 230 отсто, а платите не се дигнати ни 100 отсто, тоа е неправедно. Цената да не се споредува со другите земји туку со нашиот стандард и платата“, рече Никола Славевски од Марксистичка организација „Црвени“.

    Иако протестот немаше голема масовност, Славевски рече дека колку  и да се, нема да се откажат.

    Простести денеска се одржаа и во Скопје, Тетово и други градови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира