НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЈА ГРАДАТ ПРУГАТА КОН ГРЦИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ КОИ ЈА ГРАДАТ ПРУГАТА КОН ГРЦИЈА

    Бугарската фирма што ги ангажирала домашните фирми подизведувачи за изградба на пругата од Битола кон Кременица и грчка граница не им го исплатила сработеното, се жалат работниците. Тие засега не сакаат јавно да зборуваат надевајќи се дека проблемот ќе се реши и ќе им се исплатат дневниците. Во спротивно, не е исклучена можноста за  штрајк.
    Пругата од Битола кон грчка граница се градеше подолго време со европски средства, а според најавите требаше да биде готова на 30 јули. Поради неисплатените обврски кон подизведувачите се доцни и со изградбата. Проектот на тендер го доби бугарската фирма „Водстрој“, која е водечки партнер во конзорциумот составен од четири други фирми.
    Деновиве се одржа и средба меѓу подизведувачите и менаџерот на проектот Валери Барбунски. Од средбата, локалната телевизија „Орбис“ ја пренесе изјавата на Барбунски дека одговорноста за исплатата кон работниците е само на фирмата „Понстрој инженеринг“ од Бугарија со канцеларија во Прилеп.
    „Се што до овој период е сработено од фирмите е исплатено. Неисплатени суми кон ’Понстрој инженеринг’, ’Трејс’, ’Карпош’ и ’Водстрој’ нема. Зошто ’Понстрој Инженеринг’ не сака да им плати на подизведувачите, тоа не е мој проблем“, рече Барбунски.
    Тој, исто така, објасни дека „Понстрој“ задоцнил со самата изградба на трасата, што ја забави работата и на другите учесници во конзорциумот. Затоа, го замолиле да го напушти договорот, за да може објектот да тргне со работа.
    Досега, „Понстрој Инженеринг“ не се има произнесено во јавноста околу проблемот со исплатата на работниците. Без успех завршија и нашите обиди да стапиме во контакт со македонската подружница на оваа фирма. На интернет пребарувачите никаде не фигурира дека постои канцеларија на „Понстрој“  во Македонија. Тоа пак  е чудно зашто лица вклучени во изградбата велат дека истата фимра се јавува како изведувач на други градежни проекти и прочистителни станици во земјава.
    Темата ја вжешти и политичката сцена во Битола. Од опозициската СДСМ обвинија дека фирмата која должи се повлекла од конзорциумот, а влегла друга фирма од Тетово, па праша кој на  работниците ќе им ги плати парите.
    „Според наши информации, само за градежните активности и превоз со камиони, фирмите подизведувачи побаруваат повеќе од еден милион евра. Ако кон ова се додадат и неисплатените обврски за тампон , бетон, железо и други набавки и услуги, долговите од изведувачот кон фирмите добавувачи и подизведувачи надминува повеќе од милион евра. Каде се парите ако се знае дека средствата од 19,9 милиони евра веќе беа обезбедени од ИПА фондовите?“, праша претеникот Васко Ковачевски.
    Во одговорот од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од денес „Водстрој 98“  ја презема целосно обврската да ги исполни сите видови работи за успешна реализација на прокетот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира