НЕДЕЛАВА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КИТАНОВ

    НЕДЕЛАВА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН АВТОПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА КИТАНОВНекаде во средината на летниот период треба да отпочне изградбата на патарините. - Автопатот Миладиновци-Штип (Фото: СДК.МК)

    Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово.

    „Оваа недела ќе биде пуштен автопатот. Вчера бев лично на увид, за две дена завршуваат последните метражи и последниот дел на поставување на заштитна мрежа. После тоа ќе може да се пушти во сообраќај, со тоа што на две места од по 100-200 метри ќе има времен режим на сообраќај, бидејќи надвор од автопатот ќе се работи во близина на автопатот, работи кои треба да се од корист на граѓаните. Во меѓувреме завршува тендерот за сите евидентирани слабости и недостатоци на главниот проект, којшто во наредниот период, а тоа се наредните 2-3 месеци комплетно треба да бидат елиминирани. Некаде во средината на летниот период треба да отпочне изградбата на патарините, но за тоа потоа“, изјави Китанов.

    Новиот автопат Штип–Миладиновци почна да се гради во 2014 година. Беа пробиени неколку рокови, па новата власт уште лани најави дека ќе биде даден во употреба до крајот на 2019 година. Инвестицијата изнесува околу 250 милиони евра со дополнителните трошоци.

    С. НИКОЛИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари