НЕДЕЛЕН ПИКНИК СО СКАРА И МУЗИКА ЗА ОДБРАНА НА ПАРКОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕДЕЛЕН ПИКНИК СО СКАРА И МУЗИКА ЗА ОДБРАНА НА ПАРКОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ

    Денес жителите на Тафталиџе организираат целодневнa забава со скара и дискусија за заштита на паркот. Забавата доаѓа по зачестените обиди за почеток на изградбата на петкатницата која ќе им го одземе паркот.

    „Уште еднаш на узурпаторот на овој простор сакаме да му пoкажеме дека паркот нема да падне. Зачестеното присуство на багерите и градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа наша должност е да ја сочуваме оваа прекрасна зелена површина“, велат жителите на улица Букурешка во Тафталиџе кои не сакаат зграда во паркот.

    PARK-VO-TAVTALIDZE-2-1

    Помладите се организираат за правење скара, а музиката за забавата е веќе обезбедена (Фото: СДК.МК)

    Дружбата вклучува дискусија околу константното бетонирање на зелените површини, правење скара и освежување со ладни пијалаци. Пораката која овојпат жителите сакаат да ја испратат до власта е „Да се користи паркот како што навистина треба“, а добредојдени се не само соседите туку и сите истомисленици, без оглед каде живеат.

    Дружбата почна напладне. Во паркот се излезени соседите од најмало до најстаро. Има бебиња во колички и пензионери под сенките. Помладите се организираат за правење скара, а музиката за забавата е веќе обезбедена.

    PARK-VO-TAVTALIDZE-4-2

    Дружбата почна напладне. Во паркот се излезени соседите од најмало до најстаро (Фото: СДК.МК)

    Последниве две недели имаше два обидa да почне копањето во паркот за изградба на зградата, кои беа неуспешни оти жителите застанаа на патот на багерите.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира