НЕДОСТИГ НА СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ВО БИТОЛА, А ТОА ШТО ГО ИМА ЧИНИ И ДО 150 ДЕНАРИ

    НЕДОСТИГ НА СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ ВО БИТОЛА, А ТОА ШТО ГО ИМА ЧИНИ И ДО 150 ДЕНАРИИсклучок се големите маркети каде има доволно количини масло, но и таму само од еден вид и цената е најниска, 103 денари. (Фото: СДК.МК)

    Нема сончогледово масло за јадење во поголемиот дел од продавниците за прехранбени продукти во Битола. Исклучок се големите маркети каде има доволно количини масло, но и таму само од еден вид и цената е најниска, 103 денари.

    „Дојдете утре сабајле треба да добиеме нови количини, инаку с е продадено“, ни рекоа во повеќето маркети каде прашавме дали имаат масло за јадење.

    Продавачите кажаа дека наутро не за леб, туку за масло за јадење се чека ред по продавниците.

    Според владината одлука од почетокот на март, основните прехраnбени продукти, меѓу кои и сончогледовото масло за јадење, се продаваат без маржа, односно по набавни цени.

    Во малкуте продавници каде има залихи, маслото се продава по различни цени. Денес цената на „брилијант“ беше 115 денари за литар, „кристалот“ нема, но од маркетите велат дека утре ќе набават одредени количини по цена од 133 денари, „бисер“ во големите маркети е 103 денари, а во некои маалски гранапи денес беше и 150 денари.

    „Ние не сме виновни, не му ставаме маржа, по тие цени го набавуваме од дистрибутерите. И по нив го продаваме. Пред една недела, еден вид рафинирано сончогледово масло продававме по цена од 110 денари, денес ни донесоа од друго и тоа само едно пакување и ни кажаа дека чини 150 денари“, вели продавач од Битола.

    Во понеделникот, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посета на Битола рече дека она што ќе треба да се добие како казна ќе биде во максималните нивоа ако одредени трговски претпријатија бидат затекнати како не ги почитуваат антикризните мерки воведени од Владата во однос на продажбата на производи по набавна цена и брз ДДВ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКA

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира