НЕКОЈ УПАДНАЛ ВО МАТИЧНОТО ВО ПРИЛЕП, УКРАЛ И ОШТЕТИЛ ДОКУМЕНТИ И КОМПЈУТЕРИ

    НЕКОЈ УПАДНАЛ ВО МАТИЧНОТО ВО ПРИЛЕП, УКРАЛ И ОШТЕТИЛ ДОКУМЕНТИ И КОМПЈУТЕРИ

    Непознат сторител викендов упаднал во канцелариите на Одделението за водење на матични книги во Прилеп при што одзел и уништил документи и опрема, соопштија од СВР Битола од каде се  трага по сторителот.

    „Пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на улица Димо Наредникот во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соошштија од СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира