НЕМА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО МАТКА, ЛИНИЈАТА 60 НА ЈСП ВОЗИ САМО ДО СЕЛО ГЛУМОВО

    НЕМА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ДО МАТКА, ЛИНИЈАТА 60 НА ЈСП ВОЗИ САМО ДО СЕЛО ГЛУМОВОВозачите им кажале на граѓаните дека не возат до Долна Матка оти зимно време имало премногу снег а летно време немаат простор каде да завртат. (Фото: СДК.МК)

    Туристите и граѓаните за да стигнат до кањонот Матка одат пешки бидејќи автобусот со број 60 ги остава на станицата во село Глумово. Автобусите како што велат жителите на Долна Матка, не возат до последната станица во селото, која е предвидена во линијата.

    „Возачите на оваа линија не вршат редовен превоз до Долна Матка со образложение дека зимно време имало премногу снег, а летно време немаат простор каде да завртат. Сето ова е потпомогнато од внатрешната контрола на ЈСП’Скопје’ која истото го толерира и овозможува отстапување од редовната линија која е објавена на сајтот на претпријатието. Сите патници и странски и домашни се оставаат во село Глумово, од каде се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат до Матка. Ова е искористено од дивите таксисти кои наплаќаат по 400 денари за превоз од Глумово до Матка“, се вели во писмото кои жителите на Долна Матка, испратено до ЈСП„Скопје“ и Град Скопје.

    Жителите бараат од надлежните за да се реши овој проблем да обезбедат автобуски превоз со комбиња, кои ќе можат да завртат и да се паркираат во Долна Матка.

    Од ЈСП„Скопје“ не добивме одговор зошто линијата број 60 не вози во до Долна Матка, како што е предвидено во рутата. Од таму ни рекоа да испратиме прашање, но одговор не добивме.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира