За време на зимскиот распуст средношколците нема да можат да користат бесплатен автобуски превоз. Од ЈСП „Скопје“ велат дека бесплатните автобуски карти нема да им важат додека трае распустот, што е пракса изминативе години. а со почетокот на второто полугодие пак ќе можат да се користат.
„Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, бесплатен јавен превоз ќе можат да го користат само со персонализирана картичка ‘Скопска‘. Тоа значи дека од први јануари прекинува да им важи времениот хартиен билет и ќе мора да извадат персонализирана картичка во билетарниците на претпријатието“, велат од ЈСП „Скопје“.
И покрај тоа што средношколците посетуваат онлајн настава и годинава добија бесплатни месечни карти. Од почетокот на пандемијата укинат е бесплатниот превоз за пензионерите и оваа одлука сè уште е на сила.
А. АНТЕВСКА