НЕМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР И ЛАВЦИ

    НЕМА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР И ЛАВЦИДиректорите на школите се обидуваат да најдат времено решение, зашто јавен оглас за избор на фирма превозник законски ќе може да се распише дури по одржувањето на локалните избори; - Средното техничко училште во Битола (Фото: СДК.МК)

    За педесетина ученици од Oпштина Демир Хисар и битолското село Лавци уште не е организиран бесплатен школски превоз до училиштата во Битола. Тие во првите две недели од оваа школска година трошоците за превоз мора да ги покриваат со пари на родителите.

    Советничката за образование во Општина Битола Снежана Петровска, во телефонски разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека директорите на школите се обидуваат да најдат времено решение, зашто јавен оглас за избор на фирма превозник законски ќе може да се распише дури по одржувањето на локалните избори.

    Директори од битолските средни училишта објаснуваат дека тендер за  овие автобуски линии бил распишан. На него се јавиле повеќе превозници, но цените што ги понудиле биле многу поскапи во однос со минатогодишните. Поради ова, комисијата одлучила да не избере фирма превозник за ученици од Демир Хисар и Лавци.

    „Како директори од неколку средни училишта во градот одржавме состаноци, се бара времено решение до распишувањето на јавен оглас за првоз. Се надеваме дека ќе најдеме решение на проблемов и од понеделник состојбата со превозот ќе се среди“, изјави Владимир Трифуновски, директор на гимназијата „Таќи Даскало“.

    Дел од школите годинава сами ја организраа постапката за избор на превозник откако Општината се повлече од оваа обврска по случајот „Транспортер“. За него СЈО поднесе обинителен акт, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола за 360.000 евра.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира