НЕМА ДА ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ЦЕНАТА ОСТАНУВА ИСТА

    НЕМА ДА ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ЦЕНАТА ОСТАНУВА ИСТАСо последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %.(Фото: СДК.МК)

    Не се менува цената на парното во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија сè до донесување на нова одлука.

    „РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје. Констатиравме дека за донесување на одлука која ќе ги рефлектира во целост реалните трошоци на сите регулирани дејности, посебно производство на топлинска енергија, дополнително е потребна проценка на вредноста на основните средства односно на топланите. РКЕ во февруари испрати барање за процена на основните средства за дејноста производство до Бирото за процена, но до денес го немаме добиено извештајот за процена и поради тоа не може да се направи финална пресметка. Со цел овозможување на еднаков третман на сите потрошувачи на топлинска енергија на територијата на Град Скопје, РКЕ донесе одлуки да продолжат да важат истите тарифи, односно сметките за парно не се менуваат, сè до нова одлука“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

    Со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира