НЕМА ПОДАТОЦИ ДАЛИ БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ДРУГИ ЛИЦА БОЛНИТЕ ОД КОВИД БИТОЛЧАНИ ВРАТЕНИ ОД ЗАНЗИБАР

    НЕМА ПОДАТОЦИ ДАЛИ БИЛЕ ВО КОНТАКТ СО ДРУГИ ЛИЦА БОЛНИТЕ ОД КОВИД БИТОЛЧАНИ ВРАТЕНИ ОД ЗАНЗИБАРКај едниот од сопружниците е откриен британскиот сој, а за другиот анализи ќе се прават денес во МАНУ. (Фото: СДК.МК)

    За сега нема информација дека некој друг е заразен или ставен во изолација по контакт со сoпружниците од Битола кои се вратија од одмор во Занзибар со симптоми на коронавирус, велат од Заводот за здравствена заштита во Битола. Останува да се следи ситуацијата во следните денови, со оглед на тоа дека брачниот пар од Африка се вратил на 26 февруари, а биле хоспитализирани на 1 март. Симптоми им се јавиле два дена пред да се вратат, па можно е да немале контакти со други лица по враќањето назад.

    Министерството за здравство соопшти дека кај едниот од сопружниците е откриен британскиот сој на коронавирусот, а за другиот анализи ќе се прават денес во лабораторијата на МАНУ. Жената е хоспитализирана во Скопје, а мажот во Болницата за нефрологија во Струга.

    Досега немаше официјални податоци дека британскиот сој на вирусот го има меѓу заразените со ковид-19 во Битола. Според извештаите од Инстутутот за јавно здравје, регистриран е во осум градови меѓу кои најголем број случаи се откриени во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Во Битола последниве два дена нагло се зголеми бројката новозразени со корованирус. За два дена има нови 50 случаи, а кај 209 битолчани болеста е во тек.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира