НЕМА ЗДРАВОРАЗУМЕН ЧОВЕК КОМУ ТУРИСТИЧКАТА СТРАЖА НЕ МУ СЛУЖЕШЕ ЗА ПОТСМЕВ, КАЖА ШИЛЕГОВ И ГО УКИНА ПРОЕКТОТ

    НЕМА ЗДРАВОРАЗУМЕН ЧОВЕК КОМУ ТУРИСТИЧКАТА СТРАЖА НЕ МУ СЛУЖЕШЕ ЗА ПОТСМЕВ, КАЖА ШИЛЕГОВ И ГО УКИНА ПРОЕКТОТОд 2012 година секое лето дваесетина млади луѓе и на најголемите горештини шетаа низ градските плоштади облечени како комити, партизани и антички војници и на туристите им ја претставуваа македонската историја.(архивска фотографија/МИА)

    Антички војници, комити и партизани повеќе нема да ги чуваат спомениците од проектот „Скопје 2014“. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од оваа сезона ја укинува туристичката стража оти била за потсмев и не ги претставувала вистинските вредности на градот.

    „Мислам дека немаше здраворазумен човек кому таа таканаречена туристичка стража не му служеше за потсмев. Скопје не е град за потсмев. Скопје е град кој треба да биде респектабилен, град кој ќе остава убави спомени, а не спомени за потсмев. Од тие причини дел од таквото лудило во градов повеќе нема да има“, изјави денеска Шилегов.

    Проектот „Туристичка стража“ за промоција на спомениците на градските плоштади беше промовиран во 2012 година и од тогаш секое лето дваесетина млади луѓе и на најголемите горештини шетаа облечени како комити, партизани и антички војници и на туристите им ја претставуваа македонската историја.

    Спомениците од проектот „Скопје 2014“ од оваа сезона нема да бидат и во рутата на отворениот туристички автобус, туку Калето, Старата скопска чаршија и други објекти кои како што кажа Шилегов ги претставуваат вистинските вредности на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира