Попладнето околу 17 часот, Штип беше погоден од половина час невреме проследено со грмотевици, дожд и силен ветер, кои предизвикаа откорнување на дрвја покрај улиците, како и покриви од гаражи и станбени објекти. Повредени нема.
На улицата „Никола Карев“, која води кон таканареченото Ридарско Маало во штипско Ново Село, од силниот ветер се откорнале дрвја и ги оштетиле автомобилите паркирани покрај улицата.
По пријавата од граѓаните кои живеат на оваа улица, противпожарните екипи веднаш излегле на терен за да ја санираат состојбата. Паднатите дрвја се веќе отстранети, а оттаму рекоа дека се подготвени да интервенираат и на други локации доколку има пријави за штети.
Т. ЈОВАНОВСКИ



