Силно невреме проследено со дожд, грмежи и ветер попладнево околу 15.30 часот го зафати Скопје. Како што првично соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), паднати се повеќе дрвја и оштетени се коли. Засега нема пријави за повредени граѓани.
„Едно дрво е паднато врз возило во движење, но за среќа врз задниот дел од колата, па патниците не се повредени. На телефонскиот број 112 стигнуваат голем број пријави од граѓани и откако ќе ги сумираме штетите ќе информираме“, велат од ЦУК.
А. АНТЕВСКА