Нема интерес за членување во Управниот одбор и Надзорниот одбор на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ од Велес. Првиот јавен повик бил неуспешен, па Советот на Општина Велес донесе одлука за втор, кој треба да биде распишан на 11 септември.
Управниот одбор се состои од пет члена, претседателот добива надомест од 7.000, а членовите од 6.000 денари. Исто така, нема интерес и за членување Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на „Дервен“.
Мандатот на членовите 4 четири години, а ќе ги избира Советот на Општината. Ова е новина согласно Законот за јавни претпријатија, кој стапи на сила годинава. Наместо да се избираат по предлог на Советот, тие се избираат по пат на јавен повик, а изборот ќе го врши Советот.
П. ПЕЧКОВ