Нов градоначалник на Ново Село е Никола Андонов од СДСМ. Од штабот на партијата велат тој мандатот го доби со 19 гласови разлика.
Од штабот на ВМРО ДПМНЕ потврдија дека Андонов има предност од 17 гласа, но ќе ги чекаат записниците од избирачките места за официјална потврда.
Во првиот круг Андонов имаше негатива од 60 гласа во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николче Стоилков. Тогаш пресудија неважечките ливчиња, поради што во Ново Село имаше втор круг во кој бизнисменот Андонов ја анулираше разликата и победи.
В. ТРАЈКОВ