Годинава нема да има зима за нилскиот коњ Берта во Зоолошката градина во Битола. Живеалиштето не само што беше реновирано пред три години туку сега се загрева и со печка на пелети. Преку оваа постапка која се смета за економична и еколошка, нилскиот коњ доби подно греење во живеалиштето, а се загреваат и водата во внатрешниот базен и воздухот во просторијата.
Од Зоолошката градина велат дека температурата во базентот достигнува до 18 Целзиусови степени, а внатре во просторијата до 21 степен. Оптимална температура за живот на еден нислки коњ е од 16 до 18 степени. На Берта очигледно денес му се згорешти во живеалиштето, па ја затекнавме како јаде и шета низ оградениот дел од дворот.
Со печки на пелети се загреваат и кафезите на мајмуните, а со панели на струја кафезот на змиите во Зоолошката во Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА