НИТУ ЕДЕН СТРУМИЧАНЕЦ НЕ ДОЈДЕ ДА СЕ ВИДИ СО ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН ВО СТРУМИЧКИОТ СУД

    НИТУ ЕДЕН СТРУМИЧАНЕЦ НЕ ДОЈДЕ ДА СЕ ВИДИ СО ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН ВО СТРУМИЧКИОТ СУДПовеќе од два часа извршителите седеа во струмичкиот суд каде што ги чекаа заинтересираните граѓани и странки за да ги информираат за нивната работа или пак за проблемите со кои се соочуваат во процесот на извршување. (Фото: СДК.МК)

    Претставници од Комората за извршители во Струмица имаа отворен ден, но никој не ги посети. Повеќе од два часа седеа во струмичкиот суд каде што ги чекаа заинтересираните граѓани и странки за да ги информираат за нивната работа или пак за проблемите со кои се соочуваат во процесот на извршување. Претседателот на Комората Зоран Димов беше изненаден што ниту еден граѓанин не се појавил во најавената судница каде што требаше да биде приемот

    „Денес ми е жал што не се појави ниту еден граѓанин и сметам дека граѓаните би требало да дојдат во нашите канцеларии, оти сме отворени за јавноста. Ако денес не можеле, тогаш друг дена за да се информираме за проблемите за нивно олеснување. Навистина ова ме изненади што нема никој во судот во Струмица каде што ги очекувавме граѓаните“, изјави Зоран Димов претседател на Комората на извршители.

    Извршителите во изминатиот период постојано се критикувани и против нив постојано се протестира пред министерството за правда во Скопје. Граѓаните бараат да се престане блокирањето на сметките, да се почитува застарувањето на долговите и да не се наплаќаат високи камати.

    „Значи нејасно е зошто граѓаните протестираат. Јас мислам дека најголемиот дел од нив протестираат заради високите камати, но тие не се дел од нашиот Комуналец, туку тие се дел од законот за облигации. Тој ги одредува висината на законската казнена камата и ние таа камата мора да ја напишеме во налозите понатаму и да ги задолжиме должниците“, рече Димов.

    Министерството за правда најави реформи во законот за облигации каде ќе има промена во делот на намалување на каматите, но и корекција во периодот во кој ќе може да се поднесе барање за извршување за да не доаѓа до злоупотреба од страна на доверителите.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира