НИЗ ВЕЛЕС ЛАНИ БИЛЕ ФРЛЕНИ МЕБЕЛ И ПОКУЌНИНА СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОПРЕМАТ СТОТИНА ДОМОВИ

    НИЗ ВЕЛЕС ЛАНИ БИЛЕ ФРЛЕНИ МЕБЕЛ И ПОКУЌНИНА СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОПРЕМАТ СТОТИНА ДОМОВИЛани биле исчистени и 44 диви депонии во околината на градот (Фото: СДК.МК)

    На јавните површини во Велес минатата година биле фрлени мебел и покуќнина колку за опремување стотина станови. Тоа резултираше да се собере поголемо количество габаритен отпад (783 кубни метри) во однос на 2020 (563). Во мајската акција на собирање од домаќинствата, која траеше три дена, биле собрани 101 кубни метри отпад, а останатите 682 биле фрлени на отворено низ градот.

    „При чистењето биле собрани 273 душеци, 166 каучи, 112 регали, 101 прозор. Лани беа чистени и дивите депонии во околината на градот, вкупно 44 локации, при што беа собрани 366 кубни метри отпад. Беа собрани и 6.259 кубни метри градежен шут“, кажаа од локалната власт.

    Во исто време, слабо се собираат искористени тонери. Ако во 2020 беа собрани 230 како опасен отпад, лани се собрани само 78. Дистрибутерите предупредуваат дека треба да се подига јавната свест меѓу правните субјекти да се собира искористениот тонер, зашто тој тешко се разградува.

    Втора година по ред се одвива акцијата за собирање акумулатори и лани биле собрани 360, наспроти 270 парчиња во 2020. Лани биле собрани и 90 килограми отадни батерии.

    Минатата година се собрани 2,4 тони електрична и електронска опрема како отпад, што е далеку помалку во однос на 2020, кога беа собрани 5.571 килограм.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира