Од денеска, ЈСП „Скопје“ воведува нова пробна автобуска линија 2Б на релација Сарај-Ченто и обратно. Трасата на 2Б е идентична со трасата на линија 2 од Сарај до фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда, а потоа продолжува по булевар Александар Македонски, па улица Методија Андонов-Ченто до населба Ченто кај почетната станица на линиите 23 и 45.
По оваа траса сообраќа и во обратна насока од Ченто до Сарај. Линијата 2Б ќе функционира од понеделник до петок до 17 часот.
„Со воведувањето на оваа линија ќе се исполни повеќегодишното барање на локалното население од Ченто со цел подобра и директна побрзаност на населбата со јавен превоз со останатите делови од градот“, велат од ЈСП „Скопје“.